Тимот на Волунтари во кој настапува Виктор Ангелов со 2:0 победи на гостувањето кај Поли Јаши, во меч од 25. коло на романското првенство. Иако Волунтари победи, Ангелов нема по добро да го памeти мечот.
Нашиот интернационалец беше стартер, но играше само до 63 минута, кога доби црвен картон. Ангелов најпрво доби жолт картон во 61 минута, а две минути подоцна остро стартуваше со високо крената нога.
На ваквиот старт на Ангелов бурно реагираше противничкиот играч Хуан Пасаља, кој веднаш стана и тргна да се тепа. Судијата на двајцата им покажа црвени картони и ги избрка од игра.