Екипата на Канзас Сити Ројалс синоќа го запиша третиот врзан пораз, откако загуби со 8-3 од ЛА Анџелс.
Уште во првиот ининг, ,,Ангелите” поведоа со 4-0, а после петтиот период имаа максимална предност од 7-2.
За Ројалс, единствениот хоум-ран го постигна Хорхе Солер, а по четири бази освоија Мајкл Тејлор и Хантер Дозиер.
На спротивната страна, освен хоум-ранот и двата поени на Макс Стаси, поентери беа уште: Шоеи Охтани, Ентони Рендон, Џеред Волш (х2) и Хуан Лагарес.
Во Американската лига, Канзас Сити (29-29) го држи деветтото, а Анџелс (28-32) – единаесеттото место.