Во текот на изминатата недела, поради рестрикциите, во Милтон Кинс, Англија, беше одржано 15. издание на Германскиот мастерс.
На него, светскиот играч број 1, Џад Трамп, стана првиот шампион што ја одбранил титулата освоена минатата година.
Денес, Трамп го порази својот сонародник, Џек Лисовски, во финалето со убедливи 9-2.
Со двата освоени фрејмови, Лисовски најпрво израмни на 1-1, а потоа намали на 8-2.
За Трамп, ова беше 21. рангирана титула во кариерата, односно прва после 20 декември 2020, кога во финалето на Светското гран-при повторно го порази Лисовски со 10-7.
На патот до новиот наслов, актуелниот шампион ги порази Марк Дејвис (5-1), Џоу Пери (5-3), Динг Џунхуи (5-3) и Бери Хокинс (6-5), додека Лисовски ги елиминира Луис Хиткоут (5-4), Лука Бресел (5-2), Стјуарт Бингам (5-3) и Том Форд (6-2).
📸 Twitter: World Snooker Tour