Во првиот меч од меѓусебната серија, Торонто Блу Џејс ја оправдаа благата фаворитска улога и ги совладаа Бостон Ред Сокс со 8-0.
На мечот, фрлачите на Блу Џејс, со единаесет страјк-аути ги лимитираа противничките удирачи на нула поени.
Од нив, најдобар со седум страјк-аути беше Хјун-Џин Рју, кој фрлаше во седум ининзи.
На спротивната страна, удирачите на Торонто поентираа во пет од вкупните осум ининзи во кои настапија.
Поентер со хоум-ран беше Рендал Гричак, а по четири бази, освен него, освоија уште Лурдес Гуриел Џуниор, Дени Џансен, Маркус Семиен, Теоскар Хернандез, Бо Бишет и Владимир Гереро Џуниор.
Во Американската лига, Бостон (25-18) се наоѓа на третата, а Торонто (23-17) на четвртата позиција.