
Тапара ги направи првите два чекори кон одбрана на титулата на финската Лиига, откако поведе со вкупни 2-0 во големото финале.
Претставниците на Тампере, во вториот натпревар од меѓусебната серија, ги поразија Пеликанс со 0-2.
Двата гола беа постигнати во првата и во последната минута, а во листата на стрелците се запишаа Ото Раухала и Валтери Мерела.
Победничкиот голман, Кристијан Хелјанко, ги одбрани сите дваесет и шест противнички удари за третиот шут-аут во тековниот плејоф.




