
По серијата од пет победи, Бостон Ред Сокс запишаа три последователни порази.
Имено, во меѓусебната серија, Тампа Беј Рејс ги декласираа Ред Сокс со вкупни 3-0, а на последниот натпревар триумфираа со минимални 1-0.
Единствениот поен на мечот беше дело на Франциско Мехија, кој освои четири бази по ударот на Тејлор Волс во петтиот ининг.
На табелата на Американската лига, Тампа (77-58) скокна на третата позиција, додека Бостон (67-71) го држи десеттото место.