
Најслабиот клуб на хартија во МЛБ, Балтимор Ориолс, го оправдува дадениот епитет со своите лоши партии, особено во вториот дел од сезоната.
Имено, претставниците на Мериленд синоќа го запишаа петнаесеттиот пораз во низа, откако загубија со 7-2 од Тампа Беј Рејс.
Актуелните вицешампиони веќе после четири ининзи стекнаа капитална предност од 7-0 преку поентирањата на: Брендон Лоу (х2), Вандер Франко (х2), Брет Филипс (х2) и Франциско Мехија.
Во продолжение, Рамон Уријас постигна еден хоум-ран и освои четири бази за намалување на заостатокот на Ориолс.
Од трите фрлачи што настапија за Рејс, најдобри статистики избори Шејн МекКленан, кој за пет ининзи освои осум страјк-аути и допушти само еден поен.
На табелата на Американската лига, Тампа Беј (75-47) го држи самиот врв, додека Балтимор (38-82) се наоѓа на последната позиција.



