
Во седумнаесеттото коло од тековната АФЛ сезона, Сиднеј Свонс ја запишаа јубилејната десетта победа.
Имено, во директната битка за плејоф, ,,Лебедите” ги поразија Вестерн Булдогс со (17.18) 120-67 (9.13).
Целата работа, домаќините ја завршија во непарните четвртини, кои ги добија со 50-13, односно со 40-20.
Кај победниците, двоцифрени фудбалери беа Џоел Амарти (2.0), Чед Варнер (2.2), Ленс ‘Бади’ Френклин (2.5), Том Папли (2.5) и Ајзак Хини (4.0).
Од друга страна, за Булдогс, по два гола постигнаа Арон Нотон (2.2) и Коди Вајтмен (2.3).
На табелата, Булдогс останаа на десеттото место, додека Свонс скокнаа од осмата на петтата позиција.