Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова и македонската пејачка и водителка Сузана Турунџиева го објавија својот прв албум насловен како „Пола мене, пола тебе“.

На албумот има осум песни од кои дел се на Атиџе, дел на Сузе, а останатите се од други автори. Песните се снимени во студиото на Роберт Поп – Димов. Во продолжение слушнете ја песната „За Атиџе“. Автор на песната е Сузана Турунџиева, а аражманот е на Роберт Поп Димитров.