Македонската фолк-пејачка Сузана Гавазова го објави новото видео за песната „Далавера“. Музиката и текстот за оваа песна со која настапи на Роса Фест се на Орце Зафировски, додека аранжманот на Инан Неџиповиќ.
Спотот е снимен во соработка со ИН продукција во кој популарната Сузе е со каубојски шешир на главата и во провокативни комбинации.