На овогодинешниот фестивал Фолк фест “Валандово” пејачот Методија Столески промовира нова песна со наслов “Земи се”.
Музиката и аранжманот се на Александар Јовевски, додека текстот на Борче Нечовски.
На фестивалот Методија настапи како дебитант и беше проследен со громогласни аплаузи. Наредното што го спрема Методија се проект со снимање на изворни песни и неколку авторски. За некои од нив ќе има и спотови.
Во продолжение уживајте во настапот од Валандово:




