“За Илина” е седмата авторска песна во досегашната кариера на Ангел Стојкоски од Струга. За истата се погрижија Соња Дојчиновска која е задолжена за преубавиот текст и маестралниот Златко Миладиноски кој во 9/8 ритам го направи преубавиот аранжман и мелодија која секое срце го разигрува.
Видео записот се снимаше во просториите на Balkan Music.
Сакам да ја поздравам екипата на Balkan Music, врвни професионалисти во својата работа.
Исто така сакам да и се заблогадарам и на мојата екипа која беше дел од овој видео запис, Марио Стојаноски – Хармоника и Зоран Ратајкоски – Саксофон.
Искрено ,задоволство е да се работи со продукција како Balkan Music , бидејќи нивната професионалност,посвтеност и пожртвуваност е за поздравување.
После промоцијата на новата песна, продлжувам посветено да работам на мојата кариера со снимање на многу нови проекти,нови авторски песни, оформување на мојот нов бенд со кој започнувам да работам наредната година. – изјави Ангел Стојкоски




