Струга Трим Лум се израдува на големи три бода против тимот на Силекс кој не претставуваше летово во квалификациите во Лига на шампиони со триумф на градскиот стадион во Струга со резултат од 2:0.
Најзаслужни за бодовите од овој натпревар се резервистите Нијас Лена кој во 77 минута ја најави победата, а крајниот резулта на 2:0 го постави Филип Миленковски во 89 минута.



