Ст. Луис Блус изборија четвртфинале на НХЛ, елиминирајќи ги Минесота Вајлд во осминафиналето со вкупни 4-2.
На шестиот натпревар од меѓусебната серија, Блус го искористија домашниот терен и триумфираа со 5-1.
После две третини, победниците водеа со 4-0, а во третиот период и двете екипи забија по еден погодок.
Стрелец за Минесота беше Метју Дамба, додека за Блус реализираа Ник Леди, Рајан О’Рајли, Тајлер Бозак, Владимир Тарасенко и Колтон Парајко.
Во наредната рунда, Ст. Луис ќе ги одмери силите со Колорадо Аваланш, кои ги декласираа Нешвил Предаторс со убедливи 4-0.