
Со синоќешниот пораз од убедливи 7-1, Ст. Луис Блус загубија од Калгари Флејмс за првпат после 16 декември 2018.
Блус го започнаа походот кон четвртиот триумф во низа на посакуван начин, односно со голот на Тајлер Бозак за водство од 0-1.
Сепак, заклучно со крајот на втората третина, домаќините седум пати ја затресоа мрежата на Џордан Бинингтон од вкупните 27 шутеви во првите четириесет минути игра.
За канадскиот состав стрелаа вкупно седум различни хокеари, односно Никита Задоров, Крис Танев, Елијас Линдхолм, Шон Монахан, Блејк Колман, Адам Ружичка и Џони Гудро.
Иако немаше ниеден погодок, со вкупно пет асистенции се истакна и десниот напаѓач на Флејмс – Метју Ткачак.
Со новите два бода, Флејмс се искачија на осмото место на Западот, додека Ст. Луис и понатаму ја зазема втората позиција.




