Откако имаа слободен викенд, фудбалерите на Ст. Килда Сеинтс запишаа три порази во низа.
Денес, во шеснаесеттото коло, ,,Светците” ја прекинаа негативната серија, совладувајќи ги Карлтон Блус со (10.18) 78-93 (14.9) и на тој начин се вратија во плејоф-зоната.
На табелата, Ст. Килда изби на седмото место, додека Карлтон испушти шанса да се израмни со лидерите и остана на петтата позиција.
Во текот на цел натпревар беше присутна резултатската неизвесност, која изгуби на значење дури во последните три минути, кога победниците се одвоија на максимални +21.
Од редовите на номиналните домаќини, по два, односно по три гола постигнаа Метју Кенеди (2.0), Хари МекКај (2.1) и Џеси Мотлоп (3.1).
Кај Ст. Килда, најефикасни поединци беа Тим Мембри (4.0) и Макс Кинг (3.1).