
Најуспешниот спринтер на сите времиња, а воедно и најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болт, во своја сопственост држи бројни рекорди.
Сепак, еден од нив беше срушен пред два дена на квалификациите за Олимпијада на американскиот тим.
На полуфиналната трка на 200 метри, во конкуренција со Ноа Лајлс и со Теренс Лерд, 17-годишниот Еријон Најтон направи сензација.
Јуниорот ги победи сите свои ривали и истрча половина круг за време од неверојатни 19,88 секунди.
Ова време претставува нов светски рекорд за У18 и за У20 категорија, каде што претходно царуваше токму Јусеин Болт.
Воедно, Најтон стана првиот малолетен спринтер што спуштил под 20 секунди на 200 метри.
Сепак, овде не беше крајот за успехот на Најтон.
Имено, во финалето, тој успеа да избори пласман на ОИ, откако помина како трет на целта, притоа подобрувајќи го својот рекорд за четири стотинки (19,84).