
Екипата на Спорт ја запиша втората победа на последните три средби, откако го совлада Илвес со 4-1.
После две третини, домаќините имаа предност од ,,само” 1-0, пред да паднат уште четири гола во третиот период.
За Илвес, единствениот погодок го постигна Јоона Иконен, додека на спротивната страна реализираа Шон Хешка, Валтери Вилјанен, Валтери Хиетанен и Себастијан Сталберг.
На табелата, Спорт изби на дванаесеттата позиција, додека Илвес го зазема седмото место.