Во дваесет и четвртото коло од српската трета лига – Белград, дербито го одиграа два ривали за влез во втората дивизија – ОФК Београд и Земун.
Земун поведе во дваесет и петтата минута преку Алекса Ивановиќ, а гостите, после бројните напади, изборија реми во првата минута од судиското продолжение, кога автогол постигна Иван Стојановиќ (90+1′).
На табелата, Земун го зазема првото место, додека ОФК е трет со заостаток од два поени.
Сепак, освен случувањата на теренот, силен впечаток оставија и навивачите на двете екипи, кои приредија сјајна атмосфера во Карабурма.