
Најголемиот класик од сите коњски настани е британскиот Ројал Аскот, кој за првпат се одржал на ,,Аскот Рејскурс” уште во далечната 1768 година.
Станува збор за петдневна манифестација составена од вкупно триесет и една трка, која го добила денешниот формат во 1807 со воведувањето на фамозниот Голд Куп.
На денешната програма беа вкупно седум трки, кои носат различни називи и се наменети за различни коњи.
Квин Ан Стејкс
На трката на една милја за коњи постари од четири години славеше џокејот Френки Детори, кој го јаваше фаворитот Палас Пјер.
Палас Пјер беше минатогодишниот победник на четвртата трка, а денес ја истрча патеката за време од 1:39,19.
Ковентри Стејкс
Втората трка го носи името Ковентри Стејкс, се одвива на дистанца од шест фурлонзи (1206 метри) и е наменета само за двогодишни коњи од втората група.
На неа, домашниот коњ Беркшир Шадоу истрча за време од 1:13,57, предводен од 25-годишниот џокеј – Оисин Марфи.
https://twitter.com/Ascot/status/1404808153083039750?s=19
Кинг’с Стенд Стејкс
Синот на легендарниот јавач Кирен Фалон, Кирен Фалон Џуниор, дојде до првата победа на Ројал Аскот во својата кариера, откако јавајќи го петгодишниот Окстед, помина пет фурлонзи (1005 метри) за 59,03 секунди.
Ст. Џејм’с Палас Стејкс
Последната денешна трка за коњите од првата група беше на една милја и наменета само за тригодишните животни.
На неа, по вторпат во кариерата, триумфираше Кевин Менинг (1:37,41), кој денес го јаваше Поетик Флер.
Аскот Стејкс
Првата денешна хендикеп-трка (во која коњите носат соодветен товар) беше Аскот Стејкс, во која се натпреваруваа коњи постари од четири години на дистанца од две милји и четири фурлонзи (4022 метри).
Оваа пресметка беше решена во фото-финиш, а победнички коњ беше Решон (4:23,42), јавен од Вилијам Баик.
Во пресрет на трката, квотата за нивна победа изнесуваше неверојатни 66/1 што претставува најголем победнички коефициент во историјата на Аскот Стејкс!
Волфертон Стејкс
Единствената ,,листед” трка (во која коњите влечат соодветен товар) на денешната програма беше Волфертон Стејкс за коњи постари од четири години на дистанца од една милја и два фурлонзи (2410 метри).
На неа, за првпат во кариерата, до триумф на Ројал Аскот дојде Италијанецот Андреа Атцени со коњот Хуан Елкано (2:04,40).
Бакингем Палас Стејкс
Последниот настан од првиот ден беше втората хендикеп-трка, но овој пат наменета за коњи над три години, кои се тркаа на една милја и шест фурлонзи (2416 метри).
Накрај, со победа и покрај квотата од 33/1, се закити и една дама, односно познатата јавачка Холи Дојл, која се тркаше на коњот Амтијаз (3:01,23).