
Во првиот меч од синоќешната МЛБ програма, Детроит Тигерс ја запишаа седмата победа во низа.
Имено, претставниците на Мичиген им го нанесоа деветтиот последователен пораз на Тексас Ренџерс, совладувајќи ги со 7-5.
Веќе после четири периоди, ,,Тигрите” стекнаа капитална предност од 6-1, која накрај се покажа како победоносна.
За Ренџерс, петте поени беа постигнати со трчање, а поентери беа Џои Гало (х2), Енди Ибанез (х2) и Дејвид Дал.
На спротивната страна, со хоум-ран поентираа Ерик Хаасе, Зек Шорт и Виктор Рејес (заедно со еден поен со трчање), а по четири бази освоија Џонатан Шуп, Роби Гросман и Вили Кастро.
На табелата на Американската лига, Детроит (47-51) го презеде единаесеттото место, додека Ренџерс (35-62) се наоѓаат на претпоследната позиција.