На првиот меѓусебен дуел во 2021, СКА Ст. Петербург го порази составот на Динамо Рига со 4-5, односно после пенали.
Воедно, од 2017 наваму, руските претставници имаат активна серија од осум последователни победи на латвиско тло.
Најпрво, Лукаш Радил погоди за почетно водство на домаќините, по што следуваше серија од 4-0 на СКА, при која стрелаа Валентин Зиков, Иван Морозов, Кирил Марченко и Јоонас Кемпаинен.
До крајот на мечот, Динамо успеа да го израмни резултатот и покрај аутсајдерска улога, а во него, протагонисти беа Гинтс Меија, Оскарс Цибулскис и Рис Скарлет.
Во пенал-серијата, Јере Карјалаинен и Рудолф Червени го надитрија резервниот голман Александер Самонов, а победата за ,,Армејците” ја заверија Никита Гусев, гореспоменатиот Марченко и Андреј Кузменко.
,,Немавме среќа во продолжението и во пенал-серијата, но среќен сум со крајниот резултат. Ќе продолжиме да работиме напорно.” – се огласи привремениот тренер на Динамо, Валеријс Кулибаба, кој го наследи Сергеј Зубов.
Во Западната конференција, СКА се издвои на првото место, додека Динамо Рига е на десеттата позиција со четири бодови заостаток во однос на плејоф-зоната.