
СКА Ст. Петербург израмни на вкупни 2-2 во полуфиналето на КХЛ против ЦСКА Москва, добивајќи го четвртиот дуел со 1-3.
За ЦСКА, походот кон првата ,,меч-топка” започна со голот на Константин Окулов во втората третина.
Сепак, до доаѓањето на втората пауза, гостите веќе го комплетираа пресвртот, откако, во интервал од седумнаесет секунди, стрелаа Степан Фалковски и Александер Волков.
Во третиот период, на две минути пред крајот, конечниот резултат го постави Захар Бардаков.