За првпат откако седна на клупата на Локомотив Јарослављ, тренерот Игор Никитин доживеа пораз.
После трите победи во низа, популарните ,,Локо” загубија на гостувањето во Ст. Петербург со минимални 1-0.
Двете екипи се соочија по вторпат сезонава, а СКА го возврати ударот после поразот на пенали од 4 септември.
На мечот, единствен стрелец беше 19-годишниот Марат Хуснутдинов, кој го запиша третиот овосезонски погодок по асистенцијата на Степан Фалковски.
На голот на домаќините стоеше одличниот Ларс Јохансон, кој со 21/21 одбранет шут, го запиша вториот шут-аут во низа, односно четврт во дресот на СКА.
Со новите два поени, ,,Армејците” избија на третото место во Западната конференција, додека Локомотив ја зазема седмата позиција.