Младата поп-артистка Симона Поповска го промовираше својот нов сингл и видеоспот „Небитен“, песна која отворено зборува за чувството на отфрленост и моментот кога човек сфаќа дека во нечиј живот повеќе нема исто значење. Со искрен пристап и силна интерпретација, таа носи емотивна приказна што лесно допира до публиката.
Музиката и аранжманот ги потпишува Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски. Продукцијата, миксот и мастерингот се реализирани од Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во бек-вокалите заедно со Касапски. Резултатот е современ и зрел звук што ѝ дава простор на емоцијата да дојде до израз.
Видеоспотот е во продукција на 20TWO Studio, а режијата, камерата, монтажата и визуелниот концепт се дело на Крсте Шупев




