Хјустон Астрос се на прагот да стават крај на првото плејоф искуство на Сиетл Маринерс после 2001.
Во вториот натпревар од меѓусебната четвртфинална серија, Астрос триумфираа со 4-2 и го зголемија своето водство на вкупни 2-0.
На мечот, домаќините поведоа во вториот ининг, гостите направија пресврт во четвртиот дел, но Астрос до крајот го зададоа завршниот удар.
За Сиетл, поените ги постигнаа Еугенио Суарез и Митч Ханигер, кои освоија по четири бази.
Од друга страна, кај домаќините, во листата на поентерите се запишаа Кајл Такер (хоум-ран), Јордан Алварез (хоум-ран) и Џереми Пења (х2).