
Сиднеј Свонс ги поразија Мелбурн Демонс со (10.9) 69-91 (14.7) во т.н. осминафинале на АФЛ и изборија директен пласман во полуфиналето.
Од друга страна, поразот на Мелбурн не значи елиминација, туку соочување со уште еден тим на патот до завршната фаза во топ 4.
На мечот, Демонс влегоа со подобра игра, но клучна за нивната загуба беше серијата од 37-12 на ,,Лебедите” во третата четвртина.
Во оваа сезона, двете екипи се соочија двапати и одбраната на Сиднеј излезе како вистински победник поради фактот дека не дозволи повеќе од седумдесет поени.
Во релативно неефикасната партија на домашниот состав, двоцифрени беа само Клејтон Оливер (2.0) и Бејли Фритч (3.1).
На спротивната страна, по два гола постигнаа Џејк Лојд (2.0), Том Папли (2.0), Вил Хејвард (2.1) и Сем Рид (2.1).