Сибир Новосибирск му го нанесе третиот последователен пораз на Автомобилист Екатеринбург со денешната победа од 6-4.
По периоди, резултатот варираше 0-1, 3-2, па 3-1, за конечна победа на домаќините од два разлика.
Стрелци за Сибир беа Јирки Јокипака (х2), Микаел Руохомаа, Николај Тимашов, Данил Романцев и Никита Шашков.
За гостинскиот состав, по еден гол забележија Павел Куликов, Сергеј Зборовски, Анатоли Голишев и Павел Дацјук.
После оваа средба, Автомобилист е четврти, а Сибир – седми во Источната конференција.



