Првиот ,,шут-аут” во сезоната на голманот Џон Гибсон, кој имаше 34 интервенции, значително му помогна на неефикасниот напад на Анахајм Дакс да дојде до првата победа во новата сезона.
Имено, по двата воведни порази, ,,Патките” од Калифорнија славеа за првпат во сезоната, откако ги надиграа Минесота Вајлд со 1-0.
Освен Гибсон, одговорен за триумфот беше стрелецот на единствениот погодок – Никола Делорие.
За нападот на Анахајм, ова беше само четврти гол во првите три средби, додека Минесота, по воведните две победи, денес потрфли.
📸 Marcio Jose Sanchez / Associated Press