Мајами Марлинс, синоќа, дојдоа до третата врзана победа над Вашингтон Нешоналс, совладувајќи ги со 4-1.
Вашингтон поведе уште во првиот ининг со хоум-ранот на Џои Менесес, но до крајот прими уште четири поени.
За Мајами, во листата на поентерите се запишаа Брајан Андерсон, Герет Купер и Брајан Де Ла Круз (х2).
Освен нив, сјајна партија одигра и стартниот фрлач, Сенди Алкантара, со неверојатни единаесет страјк-аути.
Во Националната лига, Мајами (63-89) се наоѓа на дванаесеттата позиција, додека Вашингтон (52-99) е последен тим.