Досегашниот тек на Светското првенство во ракомет кое се игра во Египет, го одбележува пикерот на ДР Конго, Готје Мвумби, кој што медиумите го соредуваат со легендарниот НБА кошаркар и центар на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил Онил.
Репрезентативниот пикер на конгоанците на двата меча против Аргентина и Данска даде 8 гола од 9 обиди, што е одличен учинок. Интересно е што на сајтот на СП, стои дека Мвумби има само 89 килограми. Некои информации на ИХФ велат дека има 110 кила, но и тоа не е точно и податокот е застарен. Мвумби има над 130 килограми, што и самиот го признава.
Откако Мвумби стана вирален хит на социјалните мрежи, му се јави и Шекил О‘Нил, некогашниот славен кошаркар кој беше познат во светот токму по корпулентноста и што прекумерната тежина не му беше проблем да доминира под обрачите.
Мвумби доби прекар ракометен Шек, а и самиот Шек се согласува со тоа и упати поздрав до Конгоанецот. Во прилог ја доби и следнава видоо порака која гласи: