Лионел Меси доби суспензија од два меча поради директниот црвен картон добиен во финалето на Супер купот на Шпанија, во дуелот против Атлетик Билбао. Барселона го загуби финалето, откако по регуларниот дел беше 2:2, а во дополнителните 30 минути тимот од Билбао даде гол и на крајот се радуваше на победа од 3:2.
Првично се шпекулираше дека капитенот на Барселона може да добие суспензија меѓу четири и 12 средби, но дисциплинската комисија во шпанскиот фудбал се одлучи Меси да паузира само две средби.