
Во четириесет и третото коло од англиската Лиг 1 беше одиграно дербито помеѓу МК Донс и Шефилд Венздеј.
Како победник од дуелот излезе гостинот од Шефилд, кој на ,,Стадиум МК” славеше со 2-3.
За Донс, ова беше прв пораз после петнаесет средби, додека Венздеј нема загубено на седум последователни мечеви.
,,Утките” дојдоа до триумфот со ,,блицкригот” во првото полувреме при кој, главен протагонист беше Бери Бенан.
Шкотланѓанецот заби еден погодок (30′), а притоа запиша и две асистенции кон Саидо Бераињо (10′) и кон Ли Грегори (20′).
До крајот, домаќините постигнаа два почесни погодоци преку Трој Перот (40′) и преку Скот Твајн (90+6′) од слободен удар.
На табелата, Донс паднаа на третата позиција, додека Венздеј се искачи на петтото место.



