Актуелните шампиони, Пенрит Пантерс, ја отворија новата НРЛ сезона со лесен триумф од 28-6 над Менли Си Иглс.
Пантерс ја оправдаа фаворитската улога со подобрата игра во текот на цел натпревар, иако доживеаја преполовување на водството кон крајот на првото полувреме.
Единствениот есеј за Си Иглс беше дело на Итан Булмор (39′), а истиот беше успешно конвертиран од Рубен Герик.
На спротивната страна, Стивен Крајхтон беше најефикасен со еден есеј (29′), со еден пенал и со три успешни конверзии.
Освен него, во листата на поентерите се запишаа уште: Изак Таго (17′), Џаром Луаи (45′), Аписаи Короисау (55′) и Лиам Мартин (76′).