
Актуелните шампиони на НХЛ, Тампа Беј Лајтнинг, дојдоа на чекор до финалето, откако во полуфиналната фаза, ппведоа со вкипни 3-2 против Њујорк Ајландерс.
Во петтиот меѓусебен меч, одигран синоќа, Лајтнинг убедливо ги декласираа своите ривали со 8-0.
За првпат во сезоната, Ајландерс примија три погодоци во првата третина, а на тоа, Тампа додаде уште три голови во вториот и два во третиот период.
Имено, домаќините извршија канонада кон голот на Семјон Варламов, односно на Илја Сорокин, реализирајќи 8/42 удари (19,05%).
Двојни стрелци за победничкиот состав беа капитенот Стивен Стамкос и Александер Килорн, а по еднаш стрелаа Јани Гурд, Ондреј Палат, Брејден Поинт и Лук Шен.
За Тампа Беј бранеше Андреј Василевски, кој со 21/21 одбранет шут, дојде до третиот шут-аут во тековниот плејоф.