Англиската Суперлига во рагби лиг, по вторпат во низа, односно по петнаесетти пат во историјата, им припадна на рагбистите на Ст. Хеленс.
,,Светците”, во финалето, го совладаа Виган со минимални 4-8.
Единствените поени за Виган беа дело на Џејк Бајби (66′), додека старо-новите шампиони добија поени преку пеналите на Лахлан Кут (40′, 72′), односно преку есејот на Џек Велсби во последната минута, по погодената статива од дроп-шут на Томи Мејкинсон.
По крајот на регуларната сезона, Виган беше прв, а Ст. Хеленс втор тим на табелата. Во полуфиналето, денешниот поразен состав го елиминира Хал ФК (29-2), а претставниците на Мерсисајд беа подобри од Каталанс Драгонс (48-2).



