По трите победи над Балтимор Ориолс со поен-разлика од 30-5, Бостон Ред Сокс го доживеаја првиот пораз.
Имено, во најголемото дерби на МЛБ, Ред Сокс беа поразени од Њујорк Јенкис со 5-3 во првиот од двата меѓусебни синоќешни дуели.
И покрај почетното водство од 2-0 на Јенкис, Ред Сокс успеаја да ја преземат предноста и после четири и пол ининзи да поведат со 2-3.
Најпрво, по четири бази за домаќините освоија Рагнед Одор и Лук Воит, а пресвртот на гостите го комплетираа Боби Далбек, Енрике Хернандез и Кристијан Вазкез (хоум-ран).
Во петтиот период, Брет Гарднер, Арон Џаџ и Џои Гало трчаа одлично по ударите на Воит и на Џанкарло Стентон и на тој начин ја оставија победата на ,,Јенки Стадиум”.
Без разлика на меѓусебната пресметка, Бостон (69-52) остана на петтото место во Американската лига, додека Јенкис (67-52) ја заземаат шестата позиција.