Аутсајдерскиот тим на Ванкувер Кенакс успеа да приреди сензација и да ги елиминира актуелните шампиони Ст. Луис Блус со вкупен резултат од 4-2.
Токму последниот меѓусебен дуел беше најсензационален поради победата на Кенакс од 6-2. Имено, претставниците на Канада поведоа со 4-0 по првите две третини со головите на Џеј Бигл, Антоан Русел, Трој Стечер и Брок Босер.
Во третиот дел, двете екипи наизменично постигнаа по два гола – Џејден Швартц двапати погоди за Блус, односно Тајлер Мот двапати за Кенакс.
Во четврт-финалето, Ванкувер ќе ги одмери силите со Вегас Голден Најтс.



