
По трите врзани победи, екипата на Пенрит Пантерс загуби во осмото коло на НРЛ од Саут Сиднеј Рабитохс со 20-18.
После првото полувреме, резултатот гласеше 6-6, а домаќините го освоија целиот плен со два есеи во последните пет минути.
Херој за ,,Зајаците” беше Латрел Митчел (57′, 75′) со вкупно дванаесет поени, а од неговите соиграчи, по едно положување имаа Демиен Кук (20′) и Ајзеа Тас (79′).
На спротивната страна, сите промени на семафорот ги предизвика Стивен Крајхтон (39′, 66′, 71′).
На табелата, двете екипи имаат по десет бодови, доволни за второто и за третото место.