
Од вкупно дваесет меѓусебни пресметки во тековната сезона, со исклучок на едно реми, Сан Франциско Џајантс имаат седумнаесет победи над Аризона Дајамондбекс.
Синоќа, претставниците на Калифорнија повторно ги надиграа ривалите од Феникс со резултат од минимални 1-0.
Единствен поентер на мечот беше Стивен Дагар во седмиот ининг по пожртвуваниот удар на Крис Брајант.
За првпат во својата историја, Џајантс имаат 104 победи во една сезона и во врска со тоа, веднаш по натпреварот, Бастер Поуси изјави:
,,Навистина е специјално чувството да се биде дел од овој тим, кој победи најмногу натпревари.”
Очекувано, со учинок од 104-54, Сан Франциско се наоѓа на врвот на Националната лига, додека Аризона (50-108) го зазема самото дно.