
Синоќа, Сан Антонио Спарс ги поразија Вашингтон Визардс со 116-99 и ја запишаа единаесеттата меѓусебна победа на последните тринаесет средби.
Вашингтон ја имаше резултатската контрола во поголемиот дел од првото полувреме, но ја загуби истата во вториот дел.
Имено, Спарс, за да дојдат до конечен триумф, ги добија третата и четвртата четвртина со 39-27 и со 32-21.
Од редовите на Спарс, дабл-дабл запишаа Деџонте Мареј (22 поени и 10 скокови) и Јакоб Пелтл (14 поени и 11 скокови), а најефикасен со 24 кошеви беше Дерик Вајт.
Кај Визардс, Бредли Бил уфрли 18 поени, а две двоцифрени статистики имаше Даниел Гафорд (11 кошеви и 10 скокови).
Со првиот пораз на последните три средби, Вашингтон (13-8) падна на петтото место на Истокот, додека Спарс (6-13) се дванаесетти во Западната конференција.