
Од крајот на 2022, тимот на СаиПа запиша три победи во низа, остварени после продолжение или пенали.
Денес, ,,Црно-жолтите” повторно одиграа нерешено после шеесет минути игра, но загубија со 2-3 од Јиваскила после дополнителен период.
Во регуларниот дел од мечот, двете екипи водеа по еднаш, а гостите дојдоа до целиот плен на половина минута пред судиите да го назначат стартот на пенал-серијата.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Рид Гардинер, а од неговите соиграчи, уште еднаш реализираше Севери Лахтинен.
На спротивната страна, во листата на голгетерите влегоа Кале Маалахти и Виле Ваиникаинен.
На табелата, СаиПа остана на последното место, додека Јиваскила ја зазема единаесеттата позиција.




