Македонската пејачка Анитa Мицова ја претстави својата нова песна „Сѐ што имам“, емотивна музичка приказна која носи силна порака за љубовта, искреноста и посветеноста.
Музиката за песната е дело на Анита Мицова и Весна Малинова, додека текстот го напиша Малинова. Аранжманот е на самата Анита Мицова, со што таа уште еднаш го потврдува својот авторски печат и музичка креативност.
Продукцијата на песната е реализирана од Јордан Манов, а снимањето е направено во живо во студиото Devil’s Eye Studio, што ѝ дава посебна емоција и природен звук. Видеото е дело на Гоце Цветков.
Песната веќе е достапна на дигиталните платформи, а публиката може да ја слушне и преку официјалното видео објавено на YouTube.




