По серијата од четири порази, Сан Франциско Џајантс поврзаа две победи, откако синоќа славеа над Детроит Тигерс со 1-3.
Џајантс, заклучно со шестиот ининг, стекнаа предност од 0-3, благодарение на Томи Ла Стела, на Иван Лонгорија (хоум-ран) и на Џок Пидерсон.
Исто така, голема заслуга во триумфот на составот од Калифорнија имаше стартниот фрлач, Карлос Родон, со десет страјк-аути.
Во седмиот период, почесен поен за домаќините постигна Хавиер Баез по ударот на Ерик Хаасе.
Во Националната лига, Сан Франциско (61-61) го држи осмото место, додека Детроит (47-77) е претпоследен во Американската конференција.