Во премиерниот натпревар од седмото коло на новата НРЛ сезона, Пенрит Пантерс ја оправдаа фаворитската улога.
Имено, клубот од предградието на Сиднеј го продолжи стопроцентниот учинок, откако славеше со 24-6 над Њукасл Најтс.
Рагбистите на Пенрит постигнаа вкупно четири есеи, кои беа дело на Стивен Крајхтон (4′), на Мет Бартон (18′), на Дилан Едвардс (67′) и на Брајан То’о (74′).
Освен нив, значително придонесе и Нејтан Клери, кој погоди еден пенал и три конверзии.
Од друга страна, за Најтс, преку полагање во листата на стрелците се запиша Стсрфорд То’а (29′), а Калин Понга беше успешен од шутот за два поени.
На табелата, Пенрит и понатаму останува на лидерската позиција, додека Њукасл го зазема десеттото место, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.
📸 Jason McCawley/Getty Images