
На вториот меѓусебен дуел во 2021 година, АК Барс Казањ ги поразија Спартак Москва со 3-1.
После првата третина, резултатот беше изедначен со по еден постигнат погодок и на двете страни.
Најпрво, со својот прв овосезонски гол, бројките на семафорот ги промени Илја Сафонов, а набргу Александер Никишин израмни на 1-1 за Спартак.
Во преостанатите две третини, АК Барс по еднаш ја затресоа мрежата на Оскар Данск, благодарение на Кирил Петров и на Артјом Галимов.
Со петтата врзана победа, АК Барс скокнаа на четвртата позиција на Истокот, додека Спартак е петтопласиран тим на Западот.



