Хокеарите на СКА од Ст. Петербург ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Амур Хабаровск, триумфирајќи со 1-3.
За шампионите од 2016/17, ова беше деветта последователна победа над Амур, кој последен пат го победи денешниот соперник на 15 јануари 2016 со 1-2 после продолжение.
Исто како и на таа средба, така и на денешната, стрелец за клубот од Хабаровск беше Томаш Зохорна во третата третина.
Пред Чехот да погоди за домаќините, СКА веќе стекна капитална предност од 0-3, благодарение на Никита Чибриков, на Иван Володин и на Владимир Ткачјов.
Со овој триумф, СКА изби на второто место на Западот, додека Амур е претпоследен во Источната конференција.