Дел од навивачите на Јувентус го посочија Кристијано Роналдо како најголем виновник за елиминацијата на италијанскиот првак од Лигата на шампиони. ,,Старата дама” синоќа победи во Торино со 3:2 против Порто, но беше елиминирана поради повеќе голови примени на свој терен.
Порто даде гол во 115 минута и тој погодок беше доволен за пласман во четвртфиналето. Оливеира погоди од слободен удар, откако шутираше ниско по земја, а играчите кои беа во „живиот ѕид“ скокнаа. Топката кон голот помина директно под нозете на Кристијано Роналдо, па навивачите на социјалните мрежи го „нападнаа“ Португалецот.