Во рамките од групата Б од женската Лига шампиони Цска Москва оствари победа над Подравка со резултат од 30:26. Репрезентативното десно крило Сара Ристовска постигна четири гола, а еден од нив беше во стил на најдобрите ракометни мајстори, а се започна откако пресече една топка и сама ја заврши на атрактивен начин акцијата со гол.