Езџан Алиоски го одигра целиот меч за Лидс во победата на гостувањето кај Лестер со 3:1, во меч од 21. коло во Премиер лигата. Лестер беше фаворит пред мечот, но Алиоски и соиграчите веруваа дека може да направат изненадување на стадионот „Кинг Пауер“. На крајот, Лидс славеше и со 29 бода скокна на 12 место на табелата.
По завршување на мечот, Алиоски во изјава за ,,Спорт Клуб” го коментираше дуелот против Лестер, но не заборави да додаде дека Македонија има и други квалитетни играчи кои може да играат во најсилната лига во светот. Во прилог и целосното интервју на Алиоски за ,,Спорт Клуб”:
Видео: sportklub



